Богдановиќ прогласи победа во општина Центар

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ, прогласи победа.

„Според сите анализи од извршните одбори убедлива е победата во општина Центар. Чекаме да се сумираат сите резултати и чекаме голема победа во цело Скопје“, рече Богдановиќ од општинскиот штаб на СДСМ, каде во тек е прослава.