Без вода корисниците од село Батинци

Поради чистење и дезинфекција на резервоар, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци, информираат од ЈП „Водовод и канализација" – Скопје. 

- Ве известуваме дека на ден 16.09.2023 поради чистење и дезинфекција на резервоар во с.Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат жителите од село Батинци од 08:00 до 17:00 часот, Општина Студеничани.