Барал помош за престрелка што не се случила

Околу 18 часот и 40 минути синоќа 73-годишната скопјанка Д.Т. се јавила во полициска станица и пријавила дека во нејзината куќа на улица "Божин Николов" во Скопје влегло непознато машко лице и побарало помош бидејќи непознати лица пукале кон него со огнено оружје.

Од страна на полициските службеници кои излегле на местото на настанот констатирано е дека се работи за лажно пријавување.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодвете поднесок.