АВРМ: Започнаа обуките за напредни ИТ вештини

Започнаа обуките за напредни ИТ вештини. Овие обуки се дел од активната мерка - Обука за стекнување вештини, во состав на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

Обуките се одвиваат во Семос едукација, а првата група која започна да се обучува за напредни ИТ вештини е составена од 12 лица.

Преку овие обуки невработените лица ќе се стекат со напредни знаења од областа на информатичката технологија, поточно Лот 2: ISTQB Software Tester.

Обуките имаат за цел да ја зголемат вработливоста на невработените лица и да овозможат стекување на професионални вештини и квалификации кои се барани на пазарот на трудот. Со обуките за напредни ИТ вештини е предвидено да бидат опфатени 100 невработени лица.

За овие обуки се уште има слободни места за пријавување, а заинтересираните невработени лица може да го пријават своето учество во Центарот за вработување каде се евидентирани како невработени лица, секој работен ден од 09 до 14 часот.

Детални информации за пријава на овие обуки може да добиете и на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија http://www.avrm.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx