Авион со 6 патници се сруши кај скопско Катланово

Експлозија и пожар во велешкото село Ветерско вечерва биле пријавени во Министерството за внатрешни работи и на местото се упатени полициски и противпожарни екипи.

Тв Нова објавија дека авионот е пронајден паднат кај скопско Катланово.

Исчезнатиот авион е приватен, со германски национални ознаки и превезувал шест патници. МВР претходно информираше дека тој исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 10 километри од влезно-излезната писта.

Случајот во МВР попладнево во 17.40 часот го пријавила Контролата на летање на Скопскиот аеродром. 

Авионот полетал од Тревизо, Италија, и во Македонија бил уредно пријавен за дополна на гориво.