Редовниот играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, Лазо Ефтимов од Кочани е среќниот добитник на преубавиот автомобил KIA SPORTAGE.

Господинот Лазо, видно возбуден ни ја раскажа својата приказна со среќен крај.

Тој купил два лоза АВАНТУРА, еден за него и еден за сопругата. За време на утринското кафе го изгребале првиот лоз која бил недобитен, но да не заборавиме дека секој трет лоз АВАНТУРА носи добивка па затоа, подоцна, кога сопругата го изгребала нејзиниот лоз, ги открила трите автомобилчиња кои значеле само едно – ТИЕ СЕ СЛЕДНИТЕ ДОБИТНИЦИ НА ПРЕКРАСНИОТ KIA SPORTAGE.

Сопругата не се пофалила веднаш, туку почекала да се собере целото семејство за да им ја соопшти радосната вест, па така среќни и весели отишле до среќното место АНАФИЛ во Кочани, каде што им потврдиле дека убавецот KIA SPORTAGE ќе го возат низ кочанските улици.

Инаку, инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари., а секој трет лоз е добитен.

Играчите на инстант лозот Авантура за само 60 денари имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!