Видеолотариските терминали на Државна Видеолотарија на Македонија им донесоа МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки на уште двајца играчи во септември.

Македонија доби двајца нови милионери. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивките на ДВЛМ израдуваа уште двајца среќни играчи.

Здравко Газинковски од Берово, пресреќен, во друштво на своите другари  пристигна  по чекот на добитниот износ 1.633.273 денари во Државна Видеолотарија. Расположен, задоволно ја сподели својата среќна приказна со нас. Тој е редовен играч на видеолотариските терминали. Досега имал неколку помали добивки. Најпосакуваната, МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.633.273 денари ја освои на 07.09.2017 во 18:58 во среќното место Бет Ту Мар во Берово. План за парите од оваа убава добивка Здравко нема, но ќе го креира многу брзо.

На 11.09. во 19:43 во Спорт Лаиф Трејд во Битола се радуваше уште еден редовен играч на видеолотариските терминали.  Неговата МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна 1.321.232 денари.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 62 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 92.131.128  денари. Покрај нив, освоени се и 8311 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 62.285.261 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.