Започнува пролетната офанзива за инфрастуктурни зафати во општината. Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта“ го завршија асфалтирањето на улица ,,Панко Брашнаров” во населбата Хром во должина од 200 метри.
Договорот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје склучен преку ЈП ,,Улици и патишта” и директорот Сенад Смаиловиќ, предвидува изедба, реконструкција и санација на 7 улици. До крајот на сезоната останува да се комплетираат уште 4, две во населбата Даме Груев и две во Ѓорче Петров.
Работиме на завршување на обврските кои ги имаме кон граѓаните.