Асфалтирана улицата Панко Брашнаров во населбата Хром

Започнува пролетната офанзива за инфрастуктурни зафати во општината.  Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта“  го завршија асфалтирањето на улица ,,Панко Брашнаров” во населбата Хром во должина од 200 метри.

Договорот за меѓуопштинска соработка  со Град Скопје склучен преку ЈП ,,Улици и патишта” и директорот Сенад Смаиловиќ, предвидува изедба, реконструкција и санација  на 7 улици.  До крајот на сезоната останува да се комплетираат уште 4, две во населбата Даме Груев и две во Ѓорче Петров.

Работиме на завршување на обврските кои ги имаме кон граѓаните.