Арсовска и Стојкоски на традиционално закројување на лозјето во Кучково

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска присуствуваа на чинот на закројување лозје кај црквата Св.„Трифун“ во с. Кучково по повод истоимениот православен празник.

- Го закроивме лозјето близу црквата Св.„Трифун“ во село Кучково по повод истоимениот празник кој за жителите на ова село е значаен ден, особено за градинарите и лозарите, напиша Стојкоски на Фејсбук.

На чинот му претходеше литургија во црквата. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето. Овој ден се смета и за последен од зимските и за прв од пролетните празници.