Апел од општина Аеродром: Автомобилите да не се паркираат на средина на улиците и јавните паркиралишта

Да не се паркираат автомобилите на средина на сервисните улици и јавните паркиралишта во општина Аеродром, за да можат непречено да минуваат камионите, со кои се фрла сол и се чисти снегот, апелираат од општината.

Зимската служба на општина Аеродром интензивно работи на расчистување на улиците, паркинг- улиците и патеките од новите наноси на снег.