Герасимовски упати апел до граѓаните за намалување на загадувањето

По енормното загадување на воздухот и високата застапеност на ПМ честички, инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатите денови вршат засилени контроли на цела територија на општината, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.

Извршени се инспекциски надзори на 12 градилишта, 2 напуштени локации со отпад, кафе барови и останати правни субјекти и доставени им се соодветни известувања со конкретни информации согласно Законот за јавна чистота, при што изречена е и една глоба за сообраќај со возила со валкани тркала.

Градоначалникот упати и апел:

-Апелирам до граѓаните да го намалат користењето на возила, да не се користат отпадни материјали за затоплување на домовите, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците.