Антиникотински Сојуз на Македонија бара засилени инспекции за угостителските места каде се пуши

Од организацијата Антиникотински Сојуз на Македонија денеска упатија апел до Владата да ги врати инспекциите/контролите за сите физички и правни лица (ресторани, кафеани, кафе барови, затворени канцеларии итн) да го уважуваат законот кој забранува пушење цигари внатре во затворените локали каде има движење и на други граѓани.

-Оваа акција и контрола воедно овозможува и да се намали можноста од пожари и други незгоди од запалена цигара кои неретко се случуваат во локали каде има алкохол. Дополнително побаруваме да се вметне како и за Законот за купување алкохол да се стави клаузула дополнително - дозвола за купување цигари и пури да биде само за полнолетни лица со навршени 18+ години бидејќи сметаме дека младите кои се неполнолетни во целост го уништуваат здравјето во процесот на развој ако пушат цигари и несвесно создаваат лоша навика, додаваат оттаму. 

Потестуваат дека во повеќето угостителски објекти нема чист воздух. 

-Ние не сакаме да влегуваме во ресторани, хотели и кафе барови каде се пушат цигари и нема чист воздух за нас и нашите деца. Ние едноставно сакаме да бидеме здрави и да ви помогнеме да разберете дека тутунот и никотинот е штетен за вас и за нас, наведуваат во објавата.