„Анима мунди“ бара да се казнат трујачите на животни

Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ итно ги повикува институциите да ја смират јавноста, да извршат истраги на терен, во земјоделските аптеки, пазарите каде се купува отров и да ги санкционираат најстрого сите кои труејќи предизвикуваат јавна опасност и вршат строго казниво кривично дело.

„Во држава во која во текот на една вечер со нож се нападнати вработени во хотел, силувана девојка со ментална попреченост, украдени се пиштоли и пушки од продавница со ловна опрема, ловџија застрелал свој колега, дечко од 21 година бил крвнички тепан од страна на група лица, кои го удирале со клоци, тупаници и шишиња во пределот на главата и телото, најголема општествена закана стана инцидентен напад од едно куче испуштено на улица“, велат од здружението.

Според нив, „примитивци, насилници во моментов имаат главен збор, хараат низ градов и трујат се живо со отрови кои имаат капацитет да убијат и човек од 100 кила, а не деца и кучиња“.

Тие ги повикуваат сите граѓани да им достават податоци за потенцијални трујачи, како и информации за оние кои во јавноста повикуваат на линч на бездомните кучиња. „Сликајте ги јавните објави на сите насилници за да не ги избришат и доставете ни ги, а ние во секој случај каде имаме законска основа ќе поднесеме тужби“, велат од Здружение за заштита на животни „Анима мунди“.

 

cheap nike air max 90