Масовни труења на кучиња во Аеродром и Ново Лисиче: Од отров ќе настрадаше и познатото куче Оги

Оги Шампионот (Ogi the Champ), кучето од Скопје кое има речиси 40 илјади следбеници на Инстаграм од целиот свет, завчера беше затруено откако по скопските улици случајно дошло во допир со храна во која бил оставен отров. 

Во последниве два дена, масовни труења на кучиња имаше и во Аеродром и Ново Лисиче. Жителите пробуваа со часови да ги спасат затруените кучиња, а на социјалните мрежи вриеше од фотографии и снимки од агонијата што ја преживуваат кучињата откако ќе ја пробаат затруената храна. За жал, ниту едно од затруените кучиња не преживеа.

„Ситуацијата беше лоша, Оги испушташе крв од устата, а ветеринарот рече дека имало и жица ставена во храната. Мора да биде под надзор во следните 24 часа. Упатуваме апел да пазите каде ги шетате вашите миленици, бидејќи има навистина лоши луѓе кои расфрлаат отрови по улиците“, напишаа на Инстаграм сопствениците на Оги.