Актери го чистеа дворот на Клиничкиот центар во Скопје (видео)

Група актери денеска спроведоа акција за чистење на дворот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје со цел подигнување на свеста на граѓаните и нивната одговорност кон животната средина.

Актерката Сања Арсовска од Драмскиот театар изјави дека сезоната во театрите завршила, имаат слободно време, одлучиле да го искористат корисно и да бидат општествено одговорни.

– Одлучивме да почнеме една летна акција во која секоја недела на различни критични места ќе се појавуваме и ќе го собираме ѓубрето. Целта на оваа иницијатива е да ја потикнеме совеста кај несовесните граѓани и нивната одговорност кон животната средина. Ќе се обидеме да направиме ревизија на тоа што го направила „Комунална хигиена“. Ако завршиме за брзо време ќе се префрлиме на некое друго место, рече Арсовска.

Додаде дека целта не им е да се натпреваруваат со претпријатието „Комунална хигиена“, туку како уметници кои имаат должност да бидат општествено одговорни, целта им е да им укажат на граѓаните да имаат поголема еколошка свест.

cheap nike air max 90