Ако некогаш ви кажат дека сте застрашувачка жена – сфатете го тоа како комплимент!

Убаво е кога луѓето ќе ви кажат дека сте згодна, убава, талентирана и пријатна личност и кога му се восхитуваат на вашиот стил, хумор и памет. Меѓутоа, има жени кои многу почесто слушаат дека се престроги и сериозни, дека се застрашувачки жени и дека по малку се плашат од нив.

Наместо да се повлекувате кога ќе го чуете ова и да почнете да се изнемоштите од размислување, сфатете го тоа како комплимент и бидете горди на тоа.

Фактот дека вие сте личност од која луѓето се плашат, не значи дека вие сте лоша личност, ниту пак дека проблемот е до вас. Тоа што на другите им делувате застрашувачки повеќе говори за нив отколку за вас.

Тоа значи дека е тешко да ве импресионираат

А и зошто да биде лесно? Не се ни сеќавате кога последен пат некој рекол или направил нешто што би ве воодушевило. Од друга страна, вие постојано ги воодушевувате другите. Па зошто тогаш да се преправате дека ве забавуваат туѓите глупости и стари финти? Зошто да глумите?

Целиот свој живот сте работеле на себе, сте создале од себе интересна личност, дама, личност која привлекува внимание и личност која одушевува со своите зборови и дела. Па зошто да покажувате лажно воодушевување на нешто помалку од тоа.

Кој еднаш ќе го види морето, тешко дека ќе може да биде импресиониран од една обична бара.

Не сте најпристапната личност на светот

Кога сте личност која зрачи со самодоверба, логична последица е дека тие не можат туку така да ви пријдат. И тоа не е ваша маана, туку нивна. Вие сте таму каде што сте затоа што во себе имате моќ да бидете таму. Нивен е проблемот што не можат да стигнат до вас.

Не се давате себеси

Во животот, сите многу ја вреднуваме љубовта, емпатијата, добрината... меѓутоа омразата е чувство кое многу посилно се лепи за душата и управува со нашите животи. Кога ќе погледнете околу себе, ќе видите многу луѓе со кои несвесно управуваат негативните чувства (љубомора, бес, немоќ, фрустрации...) и кои покренуваат негативни импулси. Тоа е затоа што во човековата природа е човекот со тек на време да стане тоа што највеќе го мрзи.

Кога еднаш ќе се издигнете од тоа, никогаш нема да дозволите другите да ве замараат со такви работи и да ве оптоваруваат со глупости. Не сте имуни на негативни чувства. Имате чувства и убави и грди, како и секој друг. Па баш затоа не дозволувате лошите да управуваат со вашиот живот. Поради тоа често делувате нечувствитени, тешки, па дури и непристојни.

Едноставно не им дозволувате на ситните души и нивните проблеми да ви го упропастат денот.

Вие сте моќна жена

Секако дека и вие, како и сите други луѓе, имате слабости и маани. Но, имате нешто што другите го немаат. Вие привлекувате внимание со самата појава, го поседувате тој шарм и магнетизам поради кој сте неодоливи. Вашата скриена моќ оди рака под рака со вашата застрашувачка природа.

Луѓето сакаат да ви се приближат

Вие сте како оган. Луѓето сакаат да ви се доближат, иако бегаат од вас. Тие ви се восхитуваат и сакаат да бидат вие барем на еден ден, да бидат како вас. Но, повеќето луѓе не ви рамни и затоа често се чувствувате осамени.

Поради сето тоа, кога ќе чуете дека некој вели дека сте застрашувачка жена, само кажете „Благодарам“, насмевнете се и продолжете да уживате во денот.