„Ако не го соберевме сметот, Скопје ќе тонеше во ѓубре“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски гостуваше во „Тема на денот“ на „Сител“ и кажа дека неколку пати ја повикале градоначаничката Данела Арсовска да го исчисти Скопје од ѓубрето.

Ѓорѓиевски кажа дека нема да ја плати казната од Град Скопје затоа што го истури отпадот пред ЈП „Дрисла“ затоа што директорот и вработените не им дозволиле да го одложат отпадот во претпријатието.

- Ако не излезевме на терен, прашање е дали и денеска ќе беше собрано ѓубрето. Скопје ќе тонеше во ѓубре. Не можам да платам казна која не е во согласност со законот. Инспекторите кои што ја имаат пишано казната на општина Кисела Вода излегле од својата надлежност бидејќи истата е напишана на туѓа територија, а тоа е територијата на општина Студеничани, кажа Ѓорѓиевски.