АХВ: Во Македонија нема небезбедно млеко и млечни производи

На македонскиот пазар нема пласирани небезбедни количини млеко и над 600 млечни производи на компанијата „Лакталис“, за кои француската влада соопштила дека се повлекуваат од продажба поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од почетокот на годинава досега од ,,Лакталис,, во Република Македонија увезени се 103.4 тони млеко и млечни производи, од нивни објекти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, како и од соседна Србија и Германија. Од објектите на оваа компанија во Франција, годинава увезени биле само 2.4 тони млечен производ топено сирење.

Производите од оваа компанија, како и од останатите производители кои се увезуваат во земјава се контролираат од страна на официјалните ветеринари на Агенцијата при увоз, при истовар и во прометот. Во ноември годинава, земени и испитани беа мостри од сирење од овој производител од објектот во Република Србија и истите беа негативни, односно во нив не е утврдено присуство на салмонела.

Инспекциските служби на Агенцијата во моментов вршат контрола кај компанијата која ги увезува овие производи во Република Македонија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата ја следи состојбата и доколку се јави потреба навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки.

cheap nike air max 90