АХВ: Нема отстапувања во составот на чоколадите за деца

Неофицијална изјава, базирана на неофицијални податоци, ова го изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов во врска со информацијата што ја сподели универзитетската професорка Јадранка Дабовиќ, дека во чоколадите за деца на македонскиот пазар нема млеко и какао.

– Не сакам да коментирам неофицијални изјави, базирани на неофицијални податоци. Според Законот, ако имало отстапувања кај производите, лабораториите се должни во рок од 24 часа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство, ние такви известувања немаме добиено. Тоа е официјалниот став, потенцира Атанасов.

Производите се испитуваат и според процените на ризик, нагласи, такви отстапувања нема.