Новиот мост што ќе се изгради помеѓу општините Аеродром и Гази Баба сериозно ќе го олесни движењето и протокот на луѓето од овие две општини.

Од бројните проекти превидени во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска кандидатите за градоначалници на Аеродром и Град Скопје од ВМРО ДПМНЕ го промовираа заедничкиот проект за изградба на мост преку реката Вардар од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон Општина Гази Баба. Проектот во голема мера ќе го олесни движењето на граѓаните.

Како една од најбрзо растечките општини во градот Аеродром има само два влеза и излеза кон центарот на Скопје,  така што има потреба од уште едно поврзување преку булеварот „АСНОМ“, на кој ќе се гради овој капитален проект, односно новиот мост, кој ќе го намали сообраќајниот мете, изјави денес градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Ова е уште еден доказ дека соработката со Градот Скопје и со градоначалникот Коце Трајановски е одлична и дава видливи резултати. Очекувам оваа соработка да продолжи и понатаму во интерес на жителите на општината. Граѓаните го заслужуваат тоа. Аеродром мора да оди напред, потенцираше Коневски на денешната пресс конференција.