Ова се 8 типови на луѓе кои можете да ги сретнете во теретана. Ги (се) препознавате?

Секогаш подготвените  - што и да ви е потребно, тие го имаат тоа. Неколку шишиња вода, гаџети кои мерат сѐ и сешто, пешкир, телефон и таблет, протеини и здрава храна и важни информации.

Нашминката девојка – оваа девојка оди во теретана за да биде видена. Таа носи шминка, а обожава и модни детали. Сака да привлекува внимание и смета дека теретаната е уште едно од местата каде таа мора да изгледа совршено.

Дечкото што го вежба само горниот дел – барем еден од оние кои ги гледате во теретана го вежбаат само горниот дел од своето тело, како вистински професионалци. Никогаш не сте го виделе да вежба кардио и постојано го гледате како крева тегови.

Социјална пеперутка – ова е личност која ја сака теретаната, но највеќе поради тоа што може да запознае нови луѓе тука. Додека сите други напорно вежбаат, оваа личност се обидува да се запознае со луѓето, а често прави и заеднички планови за дружење после теретана.

Кралот/кралицата на селфи – додека сите други вежбаат, тие се постојано покрај огледалото или пак прават селфи со својот телефон. Тие сакаат да постираат на социјалните мрежи дека се во теретана, бидејќи сметаат дека не се важи дека се таму, ако тоа не се покаже на Фејсбук и Инстаграм.

Дечкото што секогаш сака да помогне – дури и да не побарате помош, тој секогаш сака да ви даде совет или идеја, или пак директно да ви помогне во вежбањето. Половина од времето во теретана тој го троши помагајќи им на другите и насочувајќи ги како да изгледаат добро како него.

Оние кои прават звуци – ако отидеме во теретана, тие секогаш се таму. Прават звуци при секоја вежба, а најгласни се на оние тешките вежби. Тие сакаат внимание и сакаат да им покажат на другите колку напор вложуваат во ова.

Мотивацискиот говорник – секогаш има некој кој е во теретана поради мотивациските мисли и книги кои ги има прочитано. Ќе ви каже директно или ќе постира дека откажувањето е за губитници, или пак дека секој ден постои за да се победуваме себеси.