54 години од катастрофата - цвеќе за загинатите во земјотресот во Скопје (фото)

Денеска, на Градските гробишта во Бутел, официјални делегации и претставници на институции положија цвеќиња пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што се случи во 1963 година  и го остави Скопје под урнатини.

Цвеќиња во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положи и официјална делегација на Градот Скопје, составена одградоначалникот Коце Трајановски  и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, делегација на Владата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија, делегација на Советот на Град Скопје, делегација од Министерството за одбрана на РМ, делегации од политичките партии, делегации од сите општини на Град Скопје, делегации од дипломатскиот кор во Македонија и делегации од здруженија на граѓани и други организации.

Цвеќиња положија и делегации на јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, како и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.

ВоДомот на хумантирани организации „Даре Џамбаз“  денеска од 9 до 17 часот сите хумани граѓани ќе можат да даруваат крв на традиционалната  крводарителска акција  на  Црвениот крст на град Скопје.

Мултимедијалниот културниот настан„МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува за 26 јули, со цел да се потсетиме на солидарноста и хуманоста на скопјани, денеска ќе почнесоотворањенаизложбатанаДимитарАврамовскиПандилов, а  освен  овааизложба, вофоајетона МКЦќебидепоставена изложбата на фотографии наВацлавШваб / ЕПК Плзен 2015,Чешка, а натревникотпред МКЦќебидатпоставенифотоинсталацииодфотографите: Ан д` Гела, МаксимДелво, Герт д` Таје, АленБреје / ЕПК Монс 2015, Белгија. Наплатотоќебидеприкажан и филмот Messages from the Border (68`), ЕПК СанСебастијан 2016, Шпанија (програмавоорганизацијана „КонгресенцентарАлександарМакедонски“).Вечертаќезавршисоконцертна RIB, Sweet Rapscallions, Anna O. и Mark Olson &IngunnRingvold (САД).

Вечер во Музеј на град Скопје, во 20 часот, градоначалникот Коце  Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата„Скопје – архиТРАНСформа“: „Архибелези“ и „Concrete мemories“, фотографии на Матијас Шуман, Дрезден, Германија.

 Под мотото – „Скопје го слави животот„  во 21 часот  на Плоштад Македонија ќе се потсетиме на се она што значи овој датум, на подадената рака од целиот свет, како и на оние што трагично го загубија својот живот.