Црвениот крст во Скопје ќе организира симулациска вежба во итна ситуација-земјотрес

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 18 октомври 2023 година во 11:00 часот, во Скопје ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес. Вежбата за управување со последици со наслов „Хуманитарен одговор 2023” и се организира како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот. Покровител на вежбата ќе биде Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Главната цел на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија во координираниот пристап за одговор при кризни состојби. Дополнителни цели се:

-Промовирање на Националниот тим за прва помош на Црвениот крст на РСМ;
-Промовирање на систем за испорака на психо-социјална поддршка на ЦКРСМ,
-Промовирање на систем за координацијата на невладините организации и граѓанското општество
во случај на катастрофи и кризни состојби;
-Подобрување на координација и комуникација на сите чинители за кризен менаџмент во
државата.

Локации на вежбата се-Градски парк Скопје (фонтана), Куќа на Боемска улица и хотел City Park, Такси станицата кај Фонтаната во Градски парк, Мостот на р.Вардар во близина на болницата Систина, Стадионот на АРСМ, Стадион Тодор Проески и шаторската населба во Градскиот парк.

Учесници на вежбата се: Црвениот Крст на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, за здравство, за труд и социјална политика, за одбрана, за надворешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата на Република Северна Македонија, Итна медицинска помош, Македонска радио телевизија- медиумско информирање за кризната состојба, Противпожарната територијална единица, Комора на психолози, Агенција за храна и ветерина, Црвениот крст на град Скопје, Општински организации на Црвениот крст, Тимови на Национални друштва на Црвен крст од регионот (Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Италија и Германија), претставници на универзитетите во Република Северна Македонија (УКИМ, УГД, УКЛО), независни експерти од областа, различни тела од Системот за управување со кризи, на локално и регионално рамниште. Се очекува учество на повеќе од 500 лица, 2 хеликоптери и 40 возила!

Главните подготовки за вежбата ќе бидат на 15 октомври (недела) кога дел од улиците и паркингот пред хотелот City Park ќе бидат затворени или со намалена функција.

Технички информации во интерес на граѓаните:

- На 15.10.2023 ќе биде затворена улица Илинденска од 9.00 до 14.00 часот;
- Паркингот пред хотелот City Park ќе биде комплетно затворен од 14.10.2023 почнувајќи од
22.00 часот до 14.00 часот на 15.10.2023;
- Улиците на денот на вежбата (18.10.2023) кон и во Градски парк ќе бидат затворени од
9.00 до 14.00 часот;
- Паркингот пред хотелот City Park ќе биде комплетно затворен од 17.10.2023 од 22.00 часот
до 14.00 часот на 18.10.2023;
Им благодариме на граѓаните и медиумите за разбирањето, поддршката и солидарноста!, велат од Црвен крст.