5 состојки кои треба да ги додадете во вашата здрава исхрана

Доколку уживате да пиете смуди и цедени сокови, веројатно веќе имате пробано сто комбинации во однос на тоа. Но, постојат состојки кои често ги занемаруваме, а кои играат многу важна улога во однос на нашето здравје. 

Ленено семе

Тоа е одлично за намалување на симптомите од менопаузата и ги намалува ефектите од дијабетесот тип 2, а  е корисно и во решавање на здравствените проблеми со простата кај мажите.  Може да го користите во цедените сокови, но и салатите и супите. Се препорачува 1 лажица дневно.

Чиа семе

Се препорачува 1 лажица потопена чиа во текот на денот. Здравствените бенефити од ова семе се многубројни, а се однесуваат на заштита на имунолошкиот систем, заштита на коските и повеќе енергија. Чиата е богата и со антиоксиданти, кои го чистат нашето тело од токсините. Испијте чиа семе потопено во вода во текот на денот, или пак направете чиа пудинг со овошје.

Спирулина

Спирулината е магичен додаток во исхраната бидејќи е богата со 65% протеини и аминокиселини, вклучувајќи и здрави масти кои помагаат против воспаленијата во нашето тело. Спирулината е еден од најголемите заштитници на нашиот имунитет. Таа содржи 10  пати повеќе бета каротен од морковите и е еден од најдобрите природни извори на витаминот Б12. Се препорачува 1-2 лажици во текот на денот. 

Ќефир и комбуха

И ќефирот и комбухата се одлични за здравата бактеријата во дигестивниот тракт. Тие исто така ја намалуваат и желбата за конзумирање шеќер и помагаат во детоксикација на телото, но и подобрување на ендонкринолошките функции и заштита на имунолошкиот систем.

Ѓумбир и куркума

Здравствените бенефити од ѓумбирот и куркумата се бесконечни. Тие помагаат во забавување на ефектите од Алцхајмеровата болест, ги спречуваат воспаленијата, го забрзуваат залечувањето на раните, го подобруваат варењето и помагаат во спречување на појавата на рак.