200 „Варвари“ доаѓаат во Скопје

Будуќност во вторник ќе има поддршка од своите навивачи кои ќе дојдат организарно да го проследат дуелот со Работнички. Да се потсетиме дека овие фанови од Црна Гора минатата година имаа “блиски средби“ со „комитите“ и „балистите“ во Скопје и на Стража.

Најмалку 200 „Варвари“, навивачи на Будуќност во вторник рано наутро ќе дојдат во Скопје, со цел да му помогнат на својот тим на средбата со Работнички. Како што велат нашите иформации, тие ќе дојдат организирано и ќе бидат под голема присмотра од страна на МВР, особено ако се знае што се случуваше минатата година кога имаше тепачки во Скопје и на Стража со навивачите на Вардар и Шкендија. Да се надеваме дека овојпат ќе биде помирно.