Има ли нешто поубаво од тоа да се сакаме себеси? Тоа е основата на позитивната енергија, на нашиот однос со другите и генерално, на нашата љубов кон светот.
Но, како да се сакаме себеси?
Одете на спиење со сите нешта за кои сте благодарни.
Побарајте помош кога ви е потребно тоа и не се чувствувајте засрамено.
Кажете им на другите кога ќе ве повредат. Тоа не мора да биде викање, туку едноставно покажување дека ви нанеле болка.
Прифатете ги комплиментите кога ќе ви кажат дека изгледате добро.
Слушајте музика која ве наежува.
Бидете околу луѓе кои прават да се смеете гласно, и без престан.
Внесете енергија во пријателствата со луѓето кои ви даваат колку што им давате ним.
Простете им на другите, дури и кога нема да ви се извинат. Не поради нив, туку заради себе.
Не се чувствувајте лошо за малите паузи кои ги имате во текот на денот. Дури и да се мали, тие се ваше бегство од реалноста.
Пишувајте. За вашата среќа, стравови, соништа.
Правете добри и фини нешта за луѓето кои ви значат.
Правете добри и фини нешта за оние кои не ги знаете.
Спијте доволно, затоа што тоа ви дава енергија за нештата кои сакате да ги правите.
Читајте книги кои ве исполнуваат.
Бидете свои. Не се извинувајте за тоа какви сте.
Кажете „благодарам“ за најмалите нешта кои другите ги прават за вас.
Уживајте во секој ден, во секој мал момент од денот.
Знам што значи да се сакаш себеси. Тоа значи дека наутро се будам без да размислувам дека на светот постојат посреќни, поубави, попаметни, помудри и...