ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ го организира 13-то традиционално зимско искачување на Титов Врв на 24 Декември 2017 год. 
Титов Врв уште познат како Голем Турчин или Шар е највисокиот врв на Шар Планина и втор највисок врв во Македонија со височина од 2.747 метри.

Зимското искачување на Титов Врв се организира секоја година традиционално од страна на ДПС Трансверзалец, станува збор за една од најатрактивните зимски патеки во земјата. Маршрутата на искачување започнува од планинарскио дом Смрека и продолжува кон Церипашина (2.531м.), преку врвот Антени/Син врв (2.600 м.) и Бакардан (2.704 м.) се до Титов Врв (2.747м.) во вкупна должина од 11.7 км во еден правец. Пешачењето се одвива по гребен и е во траење од 5 часа во еден правец, или вкупно времетраење во двата правци е околу 10 часа.

Искачувањето започнува од пред планинарскиот дом Смрека на Попова Шапка на 24.12.2017 во 6.30 часот. 

Акцијата спаѓа во категорија: МНОГУ ТЕШКА АКЦИЈА
Акцијата не е за почетници и за планинари кои не располагаат со зимска опрема за планинарење. Акцијата е наменета за искусни планинари со повеќегодишно планинарско искуство и комплетна опрема за искачување во зимски услови.

Еднодневна акција на 24.12.2017 

Поаѓање во 05:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица- Скопје), цена 400ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош - Сити мол - Ѓ.Петров бензинска на излез од Скопје/

Дводневно 23 и 24.12.2017 

Поаѓање во 08:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 900 ден, во цената е вклучено ноќевање во планинарскиот дом Смрека и превоз, и по желба искачување до Јелачки Црн Врв во сабота на 23.12.17 каде се пешачи вкупно 4 часа.

Организаторот обезбедува гратис гравче за сите учесници во зимското искачување на Титов Врв во домот Смрека на 24.12.17. 
Затварање на манифестацијата на 24.12.17 од 18 до 19ч и враќање во Скопје.
Карти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19:30 

Пријавување и уплати најдоцна до 22.12.2017 (петок)
Инфо: Зоран Костадинов 070/641 998

НАПОМЕНА:

- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
- Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
- Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
- Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
- Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
- Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. 
- Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Планинарските друштва кои сакаат да се приклучат на акцијата „13-то традиционално зимско искачување на Титов Врв„ задолжително треба да се пријават за учество кај организаторот ДПС Трансверзалец – Скопје. Тоа подразбира обезбедување на списоци со листа на учесници и назначување на одговорн лица - планинарски водичи кои ќе ги водат пријавените планинари од сопствените планинарски друштва. ДПС Трансверзалец – Скопје нема да ги земе во предвид поединците и групите кои нема да го пријават учеството во организираната акција.