Пред една година ќерката на Весна Петрушевска стана жртва на педофил. Оттогаш Весна гласно зборуваше за ужасниот настан и се обидуваше да најде правда за својата Мина и сите дечиња со слична судбина во Македонија, кои за жал од срам често и не ги пријавуваат монструмите.
Мајката кралица конечно доби правна разрешница и се огласи на Фејсбук.
-После точно една година борба, емотивни страдања, правен процес денес имаме јас и Мина голема победа !12 години и 6 месеци казна! Ова е приказна која охрабрува и дека не треба да се кријат работите …прво и единствено е правото на детето!#стоппедофилија! Мина те сакам ти си мојот херој, лавице моја ! Благодарам на поддршката, напиша таа.