11 - годишно девојче повредено во сообраќајка во Хром, МВР ја потврди информацијата

Скопје Инфо вчера инфораше дека ученичка која поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје околу 15 часот е удрена од автомобил југо. Министерството за внатрешни работи утрово ја потврди информацијата.

Според полиицискиот билтен вчера во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“  и  „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче.

Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

 

Air More Uptempo