Ученичка прегазена за пешачки во населбата Влае

Ученичка која поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје околу 15 часот е удрена од автомобил југо.

Девојчето по ударот летало десетина метри. Со возило на итна помош е префрлено на скопскиот ургентен центар каде и се пружа лекарска помош. Лекарите велат дека повредената е во стабилна состојба и се прават потребни снимки за да се утврдат повредите.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Локалните жители објаснуваат дека на улицата Ангел Динев каде се случила несреќата има проблеми затоа што семафорите не се координирани. Во близина на местото се наоѓа училиштето Димо Хаџи Димов.

Air Max 2018 KPU