Зошто земјотресите не можат да се предвидат?

Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.

Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.

Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 km длабочина), среден (од 70-300 km длабочина) и длабок (300-730 km длабочина).

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.

Повратниот удар е земјотрес кој настанува по претходен земјотрес,главниот удар.Повторниот потрес е во истиот регион на претходниот но секогаш со помала јачина.Ако повторниот е поголем од главниот,повратниот удар е повторно означен како главниот потрес а оригиналниот главен удар е назначен како предвремен удар.Повратните удари се формирани на Земјината кора околу поместената раседна линија прилагодени кон ефектите од главниот удар.

Се проценува дека околу 500.000 земјотреси се случуваат секоја година,забележливи со моменталните инструменти.Околу 100.000 од нив можат да се осетат.Малите земјотреси настануваат речиси постојано низ светот во места како Калифорнија и Аљаска во САД,како и во Мексико,Гватемала,Чиле,Перу,Индонезија,Иран,Пакистан,Азорските Острови во Португалија,Турција,Нов Зеланд,Грција,Италија,Индија и Јапонија,но земјотресите можат да се случат секаде,вклучувајќи ги и Њујорк,Лондон и Австралија.

Еден од најпознатите катастрофални земјотреси во пишаната историја се случил на 23 јануари 1556 г. во провинцијата Шанкси, Кина, каде загинале повеќе од 830.000 луѓе. Поголемиот дел од населението во тој период живееле во места наречени “yaodongs” - вештачки пештери во карпи, од кои повеќето биле срушени за време на катастрофата. Во 1976 г., земјотресот во Тангшан, со бројка на загинати лица која се проценува помеѓу 240.000 и 655.000, се верува дека е најголемиот земјотрес на 20. век. Земјотресот од 22 мај 1960 г. е најголемиот земјотрес што се измерил на сеизмограф, достигнувајќи јачина од 9.5°. Неговиот епицентар бил во близина на Кањете, Чиле. Ослободената енергија била приближно два пати поголема од следниот најмоќен земјотрес, големиот земјотрес во Алјаска, со епицентар во заливот на Аљаска.

Многу методи се развиени за предвидување на времето и местото во кое ќе се случи земјотресот.И покрај значителните истражувачки напори од страна на сеизмолозите,научно репродуктивните истражувања сеуште неможат да се направат на одреден ден или месец.Сепак,за добро-увидените раседи веројатноста дека некој сегмент може да пукне за време на следните неколку децении може да се процени.Предупредувачките системи за земјотреси се развиени и можат да обезбедат регионално известување за земјотрес кој е во тек,но пред да започне површината на земјата да се мрда,потенцијално им овозможува на луѓето во рамките на опсегот на системот да побараат засолниште пред да се почувствува ударот од земјотресот.