Зошто треба да одиме на спиење секој ден во исто време?

Сите знаеме дека квалитетниот сон е основа за добро функционирање на нашиот ум и тело.

Photo by Bruno van der Kraan on Unsplash

Заедно со исхраната, физичката активност, тој претставува главна основа на нашата добросостојба.

Едно неодамнешно истражување на Кинг Колеџот во Лондон кое вклучило 1000 учесници, покажало дека мали разлики во навиките за спиење меѓу работните денови и викендот може да предизвика проблеми во системот на варење. Тие утврдиле дека разлика од само 90 минути, може да направи голема разлика.

Но, зошто?

Одењето на спиење во различно време создава и разлики во начинот на кој се храниме. На пример, кога нередовно спиеме, големи се шансите да посегнеме по нездрава храна и пијалоци, особено пред спиење. Тоа го докажува она што многу експерти во оваа област го истакнуваат подолго време, а тоа е дека колку полошо спиеме, толку полошо се храниме.

Она што влијае на таквите навики е и нарушувањето на хормоните, односно зголемувањето на лачењето на хормонот предизвикувајќи зголемување на лачењето на хормонот на глад грелин и намалување на хормонот на ситост лептин. Според нутриционистот Џена Хоуп, тоа значи дека ќе ни треба повеќе храна за да го достигнеме истото ниво на ситост, како што имаме при регуларен сон.

Но, што  можеме да направиме за да го смениме тоа?

Истражувачите истакнуваат дека важно е да носиме свесни одлуки поврзани со спиењето. Важно е да одредиме свој ритам, односно да одиме на спиење и да стануваме во исто време. Редовниот распоред е важен за да спиеме добро и квалитетно.