Зошто таа не ти се јавува, иако постојано мисли на тебе?

Таа можеби ќе ги замислува во својата глава сите зборови кои сака да ти ги каже. Можеби и ќе ја напише пораката на нејзиниот телефон, ставајќи ги сите зборови кои ги знае, а потоа бришејќи ја пораката кога разумот ќе и каже да престане да го прави тоа.

Можеби ќе го провери твојот Инстаграм, обидувајќи се да не лајкне некога слика. Таа  е многу претпазлива да не ја открие својата тајна, дека не престанува да мисле на тебе. Ниту една секунда.

Таа сака да ти испрати порака, да те побара. Нејзиното срце ја преколнува да преземе некаков чекор, да ти пише и да виде како ќе тргнат нештата од тука, но нејзиниот ум никогаш нема да дозволи тоа да се случи. Тој нема да и дозволи да го направи тоа ниту во најголемите моменти на слабост, бидејќи знае дека најверојатно ќе ја игнорираш. Но, таа сака да го чуе твојот глас, да ја види својата насмевка.

Таа не сака да те побара, бидејќи ти не ја бараш неа. Во нејзиниот ум, тоа значи дека воопшто не мислиш на неа. Тоа значи дека не си ја слушнал на радио вашата заедничка песна и дека не си видел ништо што те потсетува на неа. Тоа за неа значи дека мислиш на други нешта и луѓе. Нејзината реалност е дека веќе ти си заборавил на неа.

Затоа што, навистина....немаше ли да ја побараш ако мислеше на неа? Ако се грижиш за неа, ти веројатно досега ќе ја побараше. Таа знае дека пораката која ќе ја испрати нема да смени ништо, дека нема да те натера да се премислиш. Таа знае дека една порака нема да те натера повторно да бидеш дел од нејзиниот живот.

Не, таа нема да ти се јави бидејќи знае дека тоа нема да доведе до ништо добро. Таа знае дека тоа е уште една можност повторно да ја повредиш. Да ги игнорираш нејзините пораки и да направиш да се чувствува како да не вреди доволно за тебе. Или уште полошо, да ја привлечеш кон себе, да бидеш добар кон неа, до моментот кога веќе не го сакаш тоа.