Еден не е подготвен за врска, еден е подготвен за врска, но не и за моногамија, еден со години ве влечел за нос и на крај се оженил со друга... Без оглед на тоа што направиле, се чини дека таквите секогаш ве наоѓаат баш ваш. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Денес ви даваме можни одговори на тоа прашање.

Се плашите да бидете сами

Поради тој страв од осаменост им давате шанса на дечковци кои воопшто не ве заслужуваат. Многу поздраво е да бидете сами отколку во врска со човек кој не ве цени.

Сакате да ги поправате луѓето

Едно е да дадете шанса на некој кој не е совршен, а нешто сосема друго е постојано да бирате мажи кои сакате да ги поправите затоа што им недостига нешто, затоа што на таквите често им недостига и потребата да бидат добри кон личноста која ги сака.

Имате синдром на „грдо пајче“

И мислите дека едноставно не заслужувате некој кој ќе биде добар кон вас и дека не можете да најдете ништо подобро.

Мислите дека морате да бидете со некого

Голем број жени влегуваат во врски само затоа што не сакаат другите да мислат дека се чудни или непожелни. Ако не ви е толку важно каков е типот, а поважно ви е да имате некого, во својот живот ќе пуштите луѓе кои воопшто не треба да бидат таму.

Страв ви е да го барате тоа што го заслужувате

Дури и ако знаете дека заслужувате подобро, тоа не значи ништо ако се плашите да го барате тоа. Тоа е само знак дека ви недостига самодоверба, а кога им дозволувате на другите да се однесуваат лошо кон вас, тешко е дека некогаш и ќе го имате.