Зошто првата љубов не се заборава никогаш?

Постојат многу нешта кои ги доживуваме за прв пат во животот, но ниту една од нив не е како првата љубов. Љубовта е секогаш посебна, но првата љубов е едноставно единствена. Таа носи чувства кои не сме ги имале претходно, а е проследена и со мистериозност и возбудливост. Иако таа не трае вечно, сепак останува како дел од нас засекогаш.

Но, зошто не можеме да ја заборавиме првата љубов?

Таа е силна

Кога прв пат ќе се заљубиме, се чувствуваме како земјата да се тресе. Однеднаш сфаќаме дека ни значи таа личност на начин којшто не сме го ни разбирале претходно. Таквата љубов е силна и отвора цел свет на можности и возбудувања, испреплетени со одредена доза на страв. Се чувствувате како никогаш претходно, а причина за сето тоа е другата личност.

Силно е и првото раскинување

Единствената работа која ја надминува првата љубов е првото раскинување. Многу често чувствата се испомешани со спомените за личноста. Оние кои не остануваат со својата прва љубов се сеќаваат на силна болка и тежок период кој следи по првото раскинување. Тешко е да се заборави и надмине првата љубов, токму поради болката која за прв пат ја чувствувате.

Првата љубов е навина

За најголем дел од луѓето, првата љубов е наивна. Иако со годините учиме многу работи, учиме важни лекции сепак во првата љубов влегуваме сосема неискусни и без никакво претходно знаење. Немаме ниту намери, ниту цели, ниту пак вистински начин. Имаме само волја и силни чувства.

Првата љубов е дел од првото „Ние“

Поради првата љубов, за прв пат размислуваме во множина. Тоа се првите моменти кога носиме одлуки кои се однесуваат на нас и нашата сакана личност, кога бараме компромиси и кога ставовите и потребите на другата страна ги приоритизираме како и нашите.

Првата љубов ја претставува нашата младост

Со тек на време, учиме многу работи. Но, првата љубов е нашето сеќавање за младоста, за безгрижните денови, за нашата наивноста и едноставноста на тоа што правевме. Копнежот за првата љубов понекогаш е копнеж за старите времиња.

Првата љубов се случува само еднаш

Првата љубов се случува само еднаш. Таа  е толку силна бидејќи е прва и веќе не се повторува во таков облик. Без оглед на тоа колку ќе сакаме подоцна, првата љубов е најслаткото искуство.