Зошто побрзо се дебелееме после 30-тите години?

Го знаете ли она чуство кога ќе ги преминете 30тите години и почнувате да се дебелеете околу струкот? Не, не се криви годините, ниту начинот на исхрана.

Сето она што ве чини незадоволно кога ќе се погледнете во огледало секако се килограмите.

Кога знаете дека некогаш сте имале рамен стомак, без масни наслаги, и дека не сте се дебелееле во пределот на нозете, тогаш почнувате да се грижите и да го барате виновникот.

Тоа што треба да го знаете е дека неактивноста е најголемиот непријател.

Со годините метаболизмот станува поспор, а после 30тите стануваме мрзеливи, повеќе време седиме отколку што се движиме.

Затоа ако го сакате својот супер изглед почнете да се движите. Тоа не значи дека е морално вежбањето во теретана, часови и часови пред огледало и испотено лице…

Стручњаците препорачуваат умерена и секојдневна активност. Потрудете се секој ден барем пола час да го поминете во пешачење.

Најбитно е да сте во движење, тоа е најдобар тренинг за метаболизмот.