Зошто не треба да пиете вода од шише?

Најнови истражувања покажуваат дека во само едно пластично шише се наоѓаат дури 25 илјади хемикалии!

Водата во пластични шишиња е практична бидејќи лесно се носи во чанта. Сепак, таа не е добар избор, бидејќи ново германско истражување покажува дека во само едно шише има дури 25 илјади хемикалии. Некои од нив се исклучително опасни за човечкиот организам, пишува магазинот PLoS One, во кој се објавени резултатите од истражувањето.

Научниците анализирале 18 различни примероци на вода која може да се купи во Франција, Италија и Германија. После цела низа на многу сложени анализи откриле дека повеќето од водите во шише содржат разни хемикалии, поточно дури 24.520. воочено е дека во водата се наоѓаат и хормони кои можат да ја нарушат хормоналната рамнотежа.

Научниците порачуваат дека присутноста на хемикалиите не значи задолжително дека конзументите ќе развијат тешки облици на болест, но истакнуваат дека сепак станува збор за многу вознемирувачко откритие. Особено загрижуваат хормоните кои можат да влијаат на репродуктивниот систем на жените, особено во млада возраст.

„Прерано е да се донесуваат некои конкретни заклучоци за тоа како сите тие хемикалии влијаат на здравјето. Потребни ни се додатни истражувања. Сепак, сигурно можеме да кажеме дека водата во шише не делува благотворно на човечкото здравје“ – истакнал Брус Блумберг од Универзитетот во Калифорнија.