Овој пијалок е одличен за есенските и зимските денови кога се почесто се соочуваме со настинки.
Потребни состојки:
Свеж ѓумбир
1 литар вода
3 мали лажици домашен мед
1 лимон
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот и исечете го на тенки парчиња. Ставете го во тенџере и прелијте со вода, па варете го околу 15-20 минути на умерена температура. Потоа, тргнете го од оган и оставете да отстои околу 5 минути.
Одвојте го ѓумбирот од течноста, засладете со мед и додајте лимон. Пијте ги додека е топло.
Овој мелем е одличен:
Му дава сила на организмот и го јакне имунитеотт
Го забрзува опоравувањето од настинки и вируси
Ја смирува мачнината и нервозата во желудникот
Го смирува нервниот систем
Ве стоплува и ја поттикнува циркулацијата
Го поттикнува варењето, работата на цревата и ја намалува надуеноста