Зимницата и годинава ќе се продава по стара цена

Зимницата и годинава останува со иста цена. Од конзервната индустрија велат дека и покрај лошите услови и недостигот на суровини нема да ги поскапат производите.

Домашниот пазар не им претставува проблем. Се плашат дека ќе немаат доволно количини за да ги исполнат договорите со странските партнери.

Преработувачите се соочуваат и со недостиг од сезонски работници и потешко доаѓаат до кредити. И покарј сезонското производство велат дека имаат потреба од инвестиции.

Исходот на сезоната ќе зависи и од тоа колку е произведено и во соседните држави.

Македонските конзервни производи се се поконкурентни на странските пазари. Извозот надминува 80 %. За домашниот пазар остануваат околу 15 000 тони.

Производството на ајвар има најголем удел во конзервната индустрија. Најмногу се извезува во Германија и Србија а големи љубители на македонските производи  се и Австралијците.