Животот е како приказна, не е важно колку е долг, важно е колку е добар

Љубителите на книги го обожаваат Габриел Гарсија Маркес затоа што неговите дела се толку моќни и прекрасни што постојано можете да ги препрочитувате.

Тој толку многу му има кажано на човештвото преку неговите приказни полни со волшебни светови, светови во кои луѓето можат навистина да љубат и сакаат, дури и во време на војни и чуми.

Денес ви пренесуваме неколку култни цитати од неговите книги и интервјуа, кои вредат да бидат споделени:

  • Не дозволувај да умреш, а да не го доживееш ова чудо: Да спиеш со личноста која ја сакаш.
  • Не е вистина дека луѓето не ги исполнуваат своите соништа затоа што пораснале, туку тие пораснале затоа што престанале да ги остваруваат своите соништа.
  • Луѓето кои ги сакаме треба да умираат со сите свои работи.
  • Секоја работа е жива. Потребно е само да ја разбудите нејзината душа.
  • Ако ја сретнете вашата вистинска љубов, треба да знаете дека таа никаде нема да побегне од вас, ниту за недела, ниту за месец, ниту за година.
  • Во животот не е важно што може да ви се случи, важно е она на кое се сеќавате и начинот на кој го паметите тоа што ви се случило.
  • Лагата е поудобна од сомнежи, покорисна од љубовта, потрајна од вистината.
  • Ако во нешто е вклучена жена, знам дека сѐ ќе биде добро. Мене ми е потполно јасно зошто жените управуваат со светот.
  • Прекрасно е да мислите на минатите задоволства без горчина и каење.
  • Инспирацијата доаѓа само за време на работа.
  • Знаењето и мудроста ни доаѓаат тогаш кога веќе не ни се потребни.
  • Не, јас не сум богат човек. Јас сум сиромав со пари, а тоа не е исто.
  • Староста нема врска со тоа колку години имаш, туку со тоа колку старо се чувствуваш.
  • Биди смирен. Да се умре е потешко отколку што изгледа.
  • Животот е како приказна, не е важно колку е краток, туку колку е добар. Тоа што поминало веќе не постои, тоа што ќе биде уште не се случило. Постои само една точка во која се спојуваат минатото и иднината. Во таа точка е целиот твој живот. Искористи ја.