Заврши факултет ајде што се чека мажачка, женачка, дечиња....Си велиш, да си направам мала пауза да се прошетам да се забавувам ама блиските почуваат да те притискаат , па како така ајде вденаш работа и свадба.

За да не ти се исмејаваат, за да не те озборуваат... Што ќе кажат соседите ако имаш 30 години и си уште си неженете/немажена или роднините од околу потпрашуваат ајде кога дете веќе 2 години си во брак? Чудни правила.

Статистиката вели дека секој трет граѓанин на Македонија живее во социјална исклученост, односно е сиромашен затоа што не може да ги плати сметките, да купи доволно храна, облека, обувки...да вози автомобил или да оди на одмор една во текот на годината. Седумдесет и четири проценти од Македонците живеат само од плата, 4 отсто од пензија, 16 отсто од пари на сопружникот или на родителите, 3 отсто со помош на кредити, а 2 отсто со пари од странство од роднини.

Но, кај нас очигледно останал шаблонот наметна од блиските.Работа, дома, деца, сметки, хрна, кредит за стан и автомобил, на рати што не знаеш дали ќе ги доживееш со ова темпо на живеење.

Во глава ти се врти постојано така мора да биде, така треба, таков си е редот сине/ќерко.