Жителка на Волково до Заев: Само кажувате, ништо немате исполнето (видео)

Револтирани жители на скопското село Волково денеска го пречекаа премиерот Заев кој дојде да направи увид во градежните активности на спортската сала при ООУ „Јоаким Крчовски’’ во Волково.

Како што може да се види во видеото, една жителка директно му се обрати на премиерот пред камерите и новинарските екипи и му порача дека само нешто кажува, но на терен ништо нема направено.

- Патот кон Кучково, повелете да видите по каква улица одиме ние, по какви калови ни одат децата, реагираше таа.