Жител на Мала Речица приведен откако нападнал 25 годишник и му го украл возилото

42 годишник (Г.Р.) од тетовска Мала Речица бил приведен во текот на вчерашниот ден, информираа денес од тетовската полиција. Полициски службеници го привеле 42 годишникот откако претходно физички нападнал 25 годишен жител на Доброште (В.Ј.) а потоа и му го одзел неговото возило „Фолксваген голф“. Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, по целосното документирање на случајот против Г.Р. Ќе биде изготвен соодветен поднесок.