Жена тешко повредена во сообраќајка зад Универзална

Четириесет и шест годишната М.Т. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера вечерта околу 23:10 часот се случила на крстосницата со улиците „Костурски Херои“ и „Борка Талески“, зад Универзалната сала.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Рено“ управувано од М.Г. (60) од Скопје и автомобил „Поло“ управуван од Г.Т. (41), исто така од Скопје.

Во несреќата со тешки повреди се здобила сопатничката од „Полото“ М.Т. која со возило на Итна медицинска помош е однесена во ГОБ „8 Септември“ каде и е укажана лекарска помош, по што е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Увид е извршен од страна на полициски екипи.