Ти ја имаше својата шанса, но ја утна работата. Верувам во втори шанси, затоа и ти дадов 100 шанси, но ниту една од нив не ја искористи.

Имаше можност да допреш до мене, тогаш кога цела ноќ останавме будни и зборувавме за нашите животи и зборувавме за интимни работи. Тоа беше твојата можност да ме пронајдеш на местото на кое се криев од светот и од другите луѓе.

Имаше можност да ги срушиш моите ѕидови, затоа што навистина ти верував. Ти зборував за моето скршено срце и се надевав дека токму ти нема да го скршиш. Ти зборував за моето минато и се надевав дека ти нема да бидеш дел од него. Ти зборував за моите соништа и се надевав дека ќе бидеш дел од нив.

Имаше можност да ме засакаш, тогаш кога јас бев подготвена да ти го дадам своето срце и кога бев подготвена да го отворам твоето. Тогаш кога отворено и искрено разговарав со тебе и кога те гледав со воодушевување...

Да ме прашаше – ќе бев твоја.

Ја имаше секоја шанса која можеше да ја добиеш, но тебе не ти беа потребни шанси.
Те чекав доволно долго, но ти никогаш не се појави.
Плачев доволно долго за тебе, но ти никогаш не ми ги избриша солзите.

Ги барав сите можни изговори за тебе само за да не те изгубам, но сите се потрошија.

Но, постои само одредена количина на логика која трае сѐ додека не стапи лудилото на сцена. Постоеја толку многу глупости со кои можев да се носам, сѐ до моментот кога се доби смисла и постои само одреден број убоди кои срцето може да ги поднесе.

Добрата работа кај луѓето кои даваат многу шанси е тоа што лесно можат да ги повлечат. И на крајот да не дозволат никому да се врати назад.

Ја имаше својата можност која не сакаше да ја искористиш.
Ја имаше својата можност која не сакаше да ја испробаш.
Ја имаше својата можност и донесе одлука.
И јас донесов своја одлука. Ќе побарам некој кој ќе ми даде праведна шанса
Ти повеќе не можеш да бараш уште една шанса.
Не станува збор тука за тоа колку шанси човек може да даде, туку за тоа кому се даваат тие шанси.