Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

Вкупно 690.083 патници поминале на двата македонски аеродроми во првите пет месеци годинава, покажуваа податоците од концесионерот ТАВ.

Тоа е за 6% повеќе споредено со првите пет месеци минатата година кога преку аеродромот Александар Велики во Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид поминале вкупно 648.745 патници.

Само во месец мај се регистрирани 164.263 патници што е за 2% повеќе споредено со 161.777 патници регистрирани во мај минатата година.

Во првите пет месеци, според статистиката на ТАВ се регистрирани вкупно 6.180 прелети што е намалување за 1% соредено 6,250 регистрирани во првите мет месеци лани, а намалување од 1% кај прелетите има и на месечно ниво на вкупно регистрирани 1.444 прелети на двата македонски аеродроми.