Зголемен број автобуси на ЈСП на неколку линии за Задушница

ЈСП Скопје ги информира патниците дека поради верскиот празник Задушница, во петок и сабота (17 и 18.02.2023 година), на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.