Зелениот чај промовира поздрав и подолг живот... Но, дали може да нè направи и посреќни?

Зелениот чај содржи многу состојки кои гарантираат благосостојба.

Photo by Na visky on Unsplash

Оние луѓе кои редовно консумираат зелен чај, се смета дека живеат подолго. Според Меги Мун, експерт за исхрана, научно е докажано дека во зелениот чај постојат биоактивни материи кои го одржуваат умот концентриран, но сепак спокоен. 

Потенцијалот на зелениот чај за подобрување на расположението може да донесе истовремено и долгорочни придобивки, благодарение на неговите импресивни биоактивни состојки.

Намалување на тагата и депресијата

„Главните компоненти на зелениот чај се EGCG - т.е. главниот катехин во зелениот чај, кои се еден вид флавоноиди, кој спаѓа во категоријата полифеноли - плус кофеин, теанин и аргинин“, вели Мун. Севкупно, тие не само што ќе го подигнат расположението и менталниот фокус, туку ќе понудат и антиинфламаторно, долговечно подобрување на расположението. 

Овој чај е често поврзан со моментите на мир, но редовното консумирање на зелениот чај особено во источна Азија, покажува одличен ефект особено кај луѓето кои се соочуваат со депресија. За пример, едно истражување од 2018 година во кое учествувале повеќе од 9.500 испитаници од Северна Кореја, покажува дека барем три шолји зелен чај на неделно ниво, придонесуваат за намалување на депресијата за 21%.

Подобро од кафето

Зелениот чај е исто така одличен за луѓето кои не можат да пијат кафе. Тој содржи кафеин и л-теанин кои се одлична комбинација за одржување на мирен, но и фокусиран ум. Според едно истражување објавено во 2017 година, било докажано дека зелениот чај за разлика од кафето ја намалува вознемиреноста, ги подобрува меморијата и и вниманието и одлично влијае на мозочните функции. 

Одличен борец против воспаленијата

Одредени типови храна, пијалоци и начин на живот придонесуваат за воспаленија во нашето тело. Тоа е уште една причина зошто зелениот чај кој е богат со полифеноли помага за намалување на воспаленијата. Едно истражување од 2023 година покажува дека луѓето кои редовно пијат чај имаат подобар имунитет и одлично се борат против настинките и грипот.