Зелената боја спас од депресија и нервоза

Бојата на тревата асоцира на сигурност, свежина, обновување, нови почетоци, а истражувањата покажуваат дека има моќ да ја намали депресијата, нервозата и анксиозноста.

Симболот на пролетта и будењето на природата, зелената боја има значајно психолошко влијание на луѓето.

Зелената го има вицешампионското место меѓу боите, а победничкото место е за сината.

Некои студии покажуваат дека побрзо читаме и сфаќаме ако сме опкружени со зеленило.

Се препорачува бојата на десктопот да биде зелена, бидејќи ја зголемува продуктивноста, бидејќи најмалку е напорна за очите.

Не би било лошо и ѕидовите или разни делови во канцеларијата да бидат во таа боја, бидејќи оваа боја се поврзува со пари и богатство.